
Грегори Рид Вајзман — американски астронаут и командант на мисијата Артемис II.[1]
Роден е на 11 ноември 1975 година во Балтимор, Мериленд. Завршил компјутерско и системско инженерство на Rensselaer Polytechnic Institute во 1997 година, а подоцна магистрирал системско инженерство на Johns Hopkins University. Се приклучил на Американската морнарица, станал пилот на F-14 Tomcat и подоцна тест пилот на F/A-18 и F-35, со над 5.000 часа летање.
Во 2009 година е избран во групата астронаути на НАСА. Неговиот прв вселенски лет бил во 2014 година со Soyuz TMA-13M, кога поминал 165 дена на Меѓународната вселенска станица и направил две вселенски прошетки. Од 2020 до 2022 година бил шеф на Астронаутската канцеларија на НАСА. Во 2023 година е именуван за командант на Артемис II — првиот пилотиран лет кон Месечината по 1972 г.
Образование
[уреди | уреди извор]Грегори Вајзман матурирал во средното училиште „Dulaney“ во Тимониум, Мериленд, САД, во 1993 година. Во 1997 година се стекнал со титулата бакалавр по компјутерско и системско инженерство на политехничкиот институт „Rensselaer“ во Трој, Њујорк. Во 2006 г. магистрирал на истата насока на реномираниот Универзитет „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд.
Воена кариера
[уреди | уреди извор]Г. Р. Вајзман стапил на активна воена служба во воената морнарица на САД (USN) веднаш по дипломирането во есента 1997 година. Ја завршил школата за морнарички пилоти во Пенсакола, Флорида, во 1999 година. Станал пилот на ловец F-14 Tomcat како дел од 101-вата борбена ескадрила (VFA-103) со база во Океана, Вирџинија. Подоцна бил распореден во 103-тата борбена ескадрила (VFA-103), стационирана на јадрениот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ (CVN-73).
Летал на борбениот авион F/A-18 Super Hornet. Од јуни 2002 г. учествувал во операциите „Јужна патрола“ и „Трајна слобода“. Извршувал патролни летови по границата на 32-рата паралела во Ирак. Од 2003 година се вклучил во операцијата „Ирачка слобода“. Учествувал во борбените дејствија, по што се запишал во школата за тест-пилоти на морнарицата во Патаксент Ривер, Мериленд. Дипломирал со почести во класата 125 во јуни 2004 година.
Станал првиот тест-пилот во програмата за развој на новиот невидлив ловец F-35 Lightning II. По завршувањето на пробните летови, се вратил на редовна служба како офицер за планирање на борбени операции на 17-то авиокрило. Во 2009 година бил назначен за командант на 1. борбена ескадрила.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „LIVE: Artemis II Launch Day Updates - NASA“ (англиски). 2026-04-01. Посетено на 2026-04-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Рид Вајзман“ на Ризницата ? |